Три лица загинаа, а неколку други се тешко повредени за време на фестивалот во германскиот град Солинген, објавија синоќа локалните медиуми.



Според „Билд“, маж кој според очевидци изгледал како Арап, со нож ги избодел случајните минувачи околу 21:45 часот..

Фестивалот во градот е веќе откажан, а полицијата прогласи тревога.

Полицијата не го коментираше мотивот за нападот.