Тројца во тешка состојба по несреќата на Железничката станица во Нови Сад

Три лица, кои беа повредени при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, сè уште се во тешка состојба, соопшто српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.



Дачиќ рече дека последиците од несреќата биле такви бидејќи бетонската настрешница била исклучително тешка.

Во несреќата што се случи на 1 ноември загинаа 14 лица, а причината за падот на настрешницата сè уште не е позната.