По повод четиригодишнината од зачленувањето на земјата во НАТО, тројца поранешни премиери од редовите на СДСМ – Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Владо Бучковски – седнаа на заедничка маса



Друштво им правеше и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој своевремено и тој ја вршеше финкцијата технички премиер, објави Фактор.

Со нив беа и поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, како и актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески.

На средбата присуствувале и поранешни пратеници, амбасадори, носители на високи државни функции, а се разговарало за придонесот од приклучувањето во Алијансата.