Тројна победа на Силјановска против правосудниот октопод на СДСМ и ДУИ

Тројна победа на професорката Гордана Силјановска Давкова против правосудниот октопод на СДСМ и ДУИ кој на заминување сакаше да вработи 130 судии и јавни обвинители блиски на власта.



Меѓу нив има и блиски роднини на Али Ахмети.

Вишиот управен суд донесол одлука со која Силјановска го добива спорот со Академијата за судии и обвинители која ја води Наташа Габер Дамјановска, објави шефот на собраниската комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски.

Со пресудата се запира постапката за вработување на голем број на партиски судии и обвинители на СДСМ и ДУИ.

,,Уште еден пораз за најслабиот двоец во ресорот правда, министерот Лога и заменичката Мадиќ, за омилената директорка на СДСМ Габер Дамјановска и Џелал Бајрами, извршителот на ДУИ во јавното обвинителство. Истовремено ова е добра вест за сите квалитетни правници. Ова е победа на правото и заштита на изборниот законик од политичкиот инженеринг на овие четворица владини функционери, кои ќе мора да ја повторат римската правна лекција “Dura lex sed lex”❗️

📌 Вишиот управен суд вчера ја отфрли како неоснована жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители и ја потврди одлуката на Антикорупциската комисија со која беше уважен приговорот на Проф.Силјаноска Давкова за прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии. Одлуката е конечна и извршна.

⚠️ Постапката за полагање испити во Академијата и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира заради прекршување на изборниот законик од функционерите на оваа институција”, објави денеска Милошоски.