Луѓето кои пијат три до четири чаши кафе дневно, веројатно ќе имаат повеќе бенефиции за нивното здравје отколку штета, бидејќи тие ќе имаат помал ризик од срцеви заболувања од оние кои не пијат, е заклучокот од новите научни истражувања.



Студијата која ги споредува податоците од повеќе од 200 претходни студии, исто така покажа дека пиењето кафе е поврзано и со намален ризик од дијабетис, заболување на црниот дроб, деменција и некои видови на рак.

Три или четири чаши кафе дневно се корисни, велат научниците. Ова не се однесува на бремените жени или на оние кај кои се зголемени ризиците од фрактури.

Конзумирањето на кафето е поврзано и го намалува ризикот од неколку видови рак, вклучувајќи го ракот на простата, ракот на грлото на матката, како и тие на кожата и црниот дроб, потоа при дијабетес тип 2, проблеми со жолчката и гихтот, велат истражувачите.

Најголема корист од пиење кафе е констатирана кај заболувањата на црниот дроб, како што е цироза на црниот дроб.