Европските институции одговорни за безбедност на храна откриле дека во Албанија влегле отровни јагоди произведени во Грција, земја членка на ЕУ.
,,Три пратки јагоди од Грција влегле на албанскиот пазар загадени со Клофентезин, опасен пестицид забранет во многу земји.
Информациите за опасното по здравје овошје се објавени преку Системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF) на Европската комисија.
Ова е трет ваков случај за само два месеци, јавуваат албанските медиуми.
Клофентезин се користи на широк спектар на култури – јаболка, круши, коскесто овошје, јаткасти плодови, украсни растенија, бадеми итн. Главните токсиколошки ефекти забележани во студиите кај стаорци и кучиња се хепатотоксичност и промени на тироидната жлезда, вклучително и фоликуларна хиперплазија. Клофентезин не претставува висок ризик за токсичност за луѓето но може да предизвика последици.





