Вршители да должност градоначалници до редовниот термин за локални избори во октомври 2025. година ќе добијат скопската општина Аеродром, како и Гостивар , доколку Тимќо ѐМуцунски и Арбен Таравари станат министри.
Во Сарај, вршителот на должноста веќе ги презеде градоначалничките обврски. Советникот Иљас Весели доаѓа на местото на градоначалникот Блерим Беџети, кој стана пратеник, пишува Фокус.
Коалицијата „ВРЕДИ“ предлага да нема предвремени избори доколку градоначалникот што заминува отслужил половина од својот мандат, односно, доколку до редовниот термин за локални избори има помалку од две години.
Во Законот за локална самоуправа и во Изборниот законик тој рок сега е 6 месеци.
Арбен Таравари веќе најави дека ја напушти градоначалничката позиција во Гостивар, како и дека се враќа на министерската функција во здравство.






