Три минимални плати да се наполни потрошувачката кошничка

Растот на цените за некои производи за храна и пијалоци, се очекува веднаш да ја зголемат цената на потрошувачката кошничка, откако од 1 март цените веќе не се загарантирани.



Тоа веројатно ќе ја зголеми „цената“ на потрошувачката кошница која, заедно со станбените трошоци,  во се проценува на околу 1.185 евра за четиричлено семејство, пишува Алсат..

Минималната плата е 20.175 денари, а со покачувањето, се очекува во март да изнесува 22.500 денари, што значи дека ќе бидат потребни над три минимални плати за да се помине месецот.

Просечната плата во моментов е околу 40 илјади денари, што значи дека нешто повеќе од две просечни плати треба да се потрошат само за основни работи.

Минималната пензија сега е 13.162 денари, што значи дека за возрасните без дополнителна помош не можат да се обезбедат ниту со лекови.

Најмногу пензионери во Македонија, или 97 илјади, добиваат минимална пензија, до 13 илјади денари.

Околу 19% од населението се пензионери, или секое петто лице во земјата е пензионер .