Организација која се залага за правата на ЛГБТ заедницата го осуди потегот на угостителски објект во јужниот дел на Италија, кој на вратата од тоалетот поставил илустрации на маж, жена и геј, пренесуваат локални медиуми.



Во хотелот во близина на градот Лече, во регионот на Апулија на влезот од тоалетот ќе видите знак за мажи во сина боја, апликација во розово за жените, но и трет знак обоен и со сина и со розова боја кој претставува лик кој ја потпира раката на главата и е означен како  „геј“

„Изненадува тоа што и во 2017. година се уште има случаи, каде што постои голема конфузија меѓу родовиот идентитет и сексуалната ориентација, и се чини дека тоа се хомофобични знаци на јавни места, што е понижувачки“, велат од организацијата LEA за регионалниот весник Nuovo Quotidiano di Puglia.