Три години од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани

45 македонски државјани загинаа а седум седум беа тешко повредени во автобуската несреќа која на денешен ден пред три години се случи  на автопатот „Струма“ во Бугарија.



По удар во банкина, автобусот се запали и целосно изгоре, носејќи со себе 45 животи.

Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќале од организирано патување во Истанбул.

Компанијата доби четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз и казна од 800 илјади денари.

Една година и осум месеци казна затвор доби Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса Транс“ бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата превезувајќи патници.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември.

Автобусот излета од коловозната лента, удри во заштитната ограда, а потоа се запали при што загинаа 45 лица, од кои 13 беа деца.

Во Македонија се водеше судски процес за работата на компанијата, а во Бугарија за случената несреќа. Таму судскиот случај заврши со пресуда во која се вели дека возачот на автобусот, кој загина бил виновен за несреќата.