Огромни суми на пари наменети за субвенции за земјоделците во Македонија, од страна на оваа Влада воопшто не биле исплаќани, открива Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во интервју за Курир.
„Во програмата за финансиска поддршка за 2024-та година, во мерка 11, заостанати обврски по мерки од програми од претходни години, има една фрапантна бројка од 3.400.000.000 денари, тоа се некаде над 50 милиони евра заостанати субвенции од претходни години, од 2020-та до 2023-та година.
(…) И замислете во тешка економска состојба, со зголемени инфлации, со трошоци за производство, нафтени деривати и така натаму, вие имате субвенции кои што не се исплатени. Затоа велам дека земјоделците се разочарани од институциите и не ги добиваат сите оние услуги и мерки“, вели тој.
Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, а во 2023-та година аплицирале околу 65.000 земјоделци, што е 30.000 земјоделци помалку. ж
Ова, според Трипуновски, е сериозен удар бидејќи изминативе години сите погрешни политики и задоцнети мерки, ненавремено ангажирање на ресорното министерство и Владата, значи разочарување и напуштање на нивите ширум Република Македонија.






