Тридневна жалост во Војводина, денеска Ден на жалост во Србија

По трагичната несреќа во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, во цела Србија денеска е прогласен Ден на жалост.



Со денешната одлука, во Нови Сад како и на територијата на цела Војводина ќе има тридневна жалост.

Ден на жалост денеска е прогласен и во Република Српска.

Несреќата се случила вчера околу пладне, кога се урнала бетонската конструкција на настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад.