Уште еден македонски државјанин е уапсен од грчките власти за еден месец откако бил фатен во шверц со мигранти.
Македонскиот државјанин чие име не се открива бил уапсен во близина на градот Кавала вчера наутро во бид да пренесе во Македонија 12 пакистански државјани.
Уапсеникот на возраст од 32 години бил запрен поради пребрзо возење а кога полицијата го запрела неговото возило – комбе во него открила 12 Пакистанци.
Возачот не запрел веднаш туку по неколку километри и започнал да бега пешки по што бил фатен од страна на грчките полицајци и веднаш е префрлен пред јавниот обвинител во Кавала.




