Се’ уште нема позитивен исход од потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска од скопско Јурумлери.
Очевидци на 8 ноември ја забележале како од автобуската – каде беше пријавено дека е последно видена – се упатила кон Вардар.
Полицијата се вклучила во потрагата, а биле употребени и дронови…
Ќерката на Лидија, Мартина, веднаш објави дека е исчезната нејзината мајка, за која вели дека е семејна жена, одговорна, вработена и без здравствени проблеми.
Семејството испрати апел, сите што имаат некаква информација да се јават на бројот 071345208 или да пријават во полиција.
Мартина, за ,,Фокус” вели дека ноќта ја минале будни, барајќи ја нивната мајка, односно сопруга, и добиле неколку повици од граѓани, кои им јавиле дека наводно ја забележале, но всушност се работело за други жени, односно луѓето се препознале.
Но, исто така од семејството вознемирено раскажуваат и дека добиле порака со обид за изнуда на пари, во замена за информација за тоа каде се наоѓа Лидија.
„Преку whatsapp добивме порака, ни бараа првин да уплатиме 500 евра на трансакциска сметка, а потоа откако наводно ќе ни кажеле што знаат за мајка ми, да сме уплателе уште 500 евра. Веднаш пријавивме во полиција.
Според последните информации, лицето кое се обиде да изнуди пари е идентификувано и не е некој кого ние го познаваме.
Ужасно е да се користи ова кое нас не снајде, како начин да се дојде до пари! Никаква емпатија, никаква човечност!“, вели Мартина за Фокус





