Трендафилов: Медицинари паралелно учат и германски за веднаш по студиите да заминат во странство

Студенти на медицински факултет паралелно учат и германски јазик за да може да заминат веднаш по завршувањето. Ова го изјави Слободан Трендафилов од ССМ за во ТВ21. Тој зборуваше и за протестите на работниците кои беа организирани во април. Тој кажа дека на протестите имало луѓе од сите политички партии, незадоволни од платите.



  • Изминатиот месец април, на протестите стојат рамо до рамо со нас работници без плата од една, друга или трета политичка опција. Тие бараат плата од директорите поставени од политиката. Ние работниците бираме кој ќе ја води државата, но не бираме директори на претпријатија. Не ги стававме да бидат директори и да им доцни плати на Македонски шуми, или Водостопанство да биде со нула денари во касата па да нема плати за вработените, или да не го потпишат Анексот за здравствените работници кои се повеќе заминуваат во Австрија, Германија, Хрватска…“, рече Трендафилов.

На прашање на модераторот за здравствените работници, Трендафилов кажа дека студентите на медицински факултет во Македонија учат паралелно и германски јазик за да може веднаш по завршувањето да заминат во Германија, Австрија…

  • Ние сме една од ретките земји во светот што троши ресурси за обука на стручен медицински кадар, за потоа тие да си заминат и да работат во другите земји. Паралелно со факултетот за медицина, студентите учат и германски јазик за да бидат подготвени да заминат кога ќе завршат. Овие луѓе заслужуваат далеку поголеми плати. Сега е доцна, тоа требаше да се случи во декември минатата година“, изјави Трендафилов.