Осум доктори на Онкологија на Државниот здравствен универзитет во Тирана под истрага, а судот им изрече безбедносни мерки!



Осомничените, не давале услуги на пациенти во државна болница, туку ги упатувале во приватни клиники, пишува порталот VoxNews.al.

Безбедносни мерки се изречени за лекари во Онколошката болница , хирурзи, поранешен заменик генерален директор на болницата и фармацевти и вработени, кои се осомничени за злоупотреба на должноста.

Државната полиција во објава за медиумите се огласи за последните случувања во врска со полициската акција „Кобалт“, каде што нагласува дека истрагите траат неколку месеци.

Додека биле вработени во државната болница (Мајка Тереза“, ја злоупотребиле својата должност не давајќи им ја потребната услуга на граѓаните во државната болница, туку упатувајќи ги во приватни болници, за да ги добијат услугите што ги барале.

„Во рамките на оваа постапка извршена е контрола во повеќе фармацевтски субјекти, при што е запленета значителна количина сомнителна шверцувана и фалсификувана стока во вредност од 10.000 евра, како и една медицинска клиника. Материјалите се предадени на Обвинителството“, се наведува меѓу другото во соопштението, пренесува Telegrafi