Ливерпул ја подигна понудата за играчот за врска на РБ Лајпциг Наби Кеита, информираат извори блиски до Енфилд Роуд. Шефовите на Јирген Клоп се подготвени да платат за 22. годишниот фудбалер од Гвинеја цели 65 милиони фунти. Ова е втор предлог на Ливерпул, откако минатата недела германскиот клуб ја отфрлил нивната понуда во висина од 57 милиони фунти.



Договорот на играчот на сензацијата во Бундеслигата, РБ Лајпциг ќе истече во текот на летото на 2020. година. Кеита беше откритие во Германија минатата сезона кога одигра 32 натпревари во сите натпреварувања во кои постигна осум гола со осум асистенции.