„Владата ја наследи државата во еден момент на слободно паѓање. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за краток период ја смени сликата наследена од СДС. Имавме претходно власт која многу крадеше од оваа држава. За да ја анализираме состојбата во Македонија после 9 месеци од промената на власта мораме да знаеме што сме имале претходно и да не го заборавиме.“ – нагласи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска-Трајкоска во денешната панел-расправа „Жените во домашната и меѓународната политика“, осврнувајќи се и на учеството на жената во политиката и нејзините секојдневни предизвици.
Пратеничката неодамна го доби одликувањето „Витез од редот на академски палми“ на Франција како резултат на нејзиното учество и вложен труд во претставување на францускиот јазик и култура, Притоа таа објасни дека партнерите во меѓународната политика со доаѓањето на новата власт Македонија ја гледаат со други очи.
„Со влегувањето како пратеник во Собранието јас зедов учество и во делегацијата на парламентарното Собрание на франкофонијата, со тоа што ние направивме програма во секцијата, по која работиме. Поради сиот минат труд, што го вложивме во меѓународното претставување на Македонија, партнерите, кои се во меѓународната политика, сега со поинакви очи не гледаат. Тие гледаат завршени дела, гледаат работа, посветеност. Никако не смееме да заборавиме во каква состојба претходно ни беше државата, сите системи, се што е поврзано со политиката.“ – укажа Бети Стаменкоска-Трајкоска
Таа нагласи дека жените треба да бидат колку е можно повеќе застапени во политиката. „Треба да не има повеќе, жените знаат да сработат.“ – посочи Стаменкоска-Трајкоска.





