Трајковски ја урна Риека, Несторовски стрелец против Горица (ВИДЕО)

Александар Трајковски го постигна победничкиот гол за Хајдук во дербито на Хрватската фудбалска лига (ХНЛ) со Риека во кое домаќинот на „Пољуд“ славеше со 2:1 во претпоследното коло и ги задржа шансите за шампионската титула.



Репрезентативецот на Македонија погоди со глава по нафрлувањето од Иван Ракитиќ во 78. минута.

Голот на „убиецот“ на Италија во Палермо во баражот за Светското првенство 2021 во Катар, трет првенствен за сплитските „били“ сезонава, е по 10:20 минути од видеото:

Ексрепрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски, пак, беше стрелец за Славен Белупо во победата од 4:0 над Горица во Копривница.

Осмиот погодок за Несторовски во ХНЛ сезонава е по 4:40 минути од почетокот на видеото:

Вчера, пак, македонскиот репрезентативец Димитар Митровски стрелаше во триумфот на Вараждин од 2:1 на свој теренр против Осиек, постигнувајќи го својот осми гол во ХНЛ сезонава.