Секој ден откриваме нови недомаќински, па и криминални членови во договорот помеѓу Владата и грчки „Митилинеос“ за предложената гасна централа во скопска Железара, пишува професорот Дејан Трајковски во објава на Фејсбук.



„Досега нé убедуваа дека „Митилинеос“ бил голема грчка компанија со 14 милијарди евра имот, која од сопствени средства ќе ја финансирала изградбата на централата. Сега од договорот откриваме дека не само што „Митилинеос“ ќе гради на кредит (тоа го знаевме и без да ни кажат), туку гарант на заемот за инвестицијата ќе биде токму – Владата! – вели Трајковски.

(…)

„Не само што ќе им бидеме гарантори за заемот, туку со 50 милиони евра помош ќе им го платиме и учеството за кредитот, потоа на кредит ќе ја изградат централата, од приходите од загарантираниот откуп на енергијата ќе ја отплатат и ќе станат нејзини 100% сопственици, за да можат да профитираат од неа уште во наредните 20-30 години. „Митилинеос“ ќе стане газда со 0 евра сопствени инвестирани средства, освен 5.000 евра основачки капитал“! – вели професорот Трајковски за Опсервер.