Трајковски го спаси Хајдук од пораз од Локомотива во 90+8 минута!

Александар Трајковски му донесе бод на Хајдук со гол во осмата минута од судиското надополнување, за реми 1:1 со Локомотива Загреб во 29. коло од Хрватската фудбалска лига (ХНЛ), оставајќи ги сплитските „бели“ во трка за шампионската титула.



Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 68. минута, а половина час подоцна погоди со глава по нафрлувањето од Марко Ливаја буквално во последниот напад на домашниот тим.

За 32-годишниот Трајковски ова е втор погодок во 11. првенствен настап сезонава, а и првиот го постигна против Локомотива во второто коло во Загреб, кога исто така беше 1:1.

Хајдук сега е втор со 55 бода, еден помалку од водечката Риека на седум кола до крајот на првенството.