Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје во изјава за телевизија Алфа вели дека на неговиот наследник Петре Шилегов му оставил целосно подготвена документација за изградба на Универзална сала, но тој, според него, го одбил поради политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ.
Проектот на Трајановски бил вреден 15 милиони евра со подземни паркинг места кои ги има секаде во Европа, додека оној на кој Шилегов работеше целиот мандат беше проценет меѓу 13 и 14 милиони, но без подземните паркинг места.
-Со доаѓањето на господинот Шилегов за градоначалник, меѓу првите пресови го направи токму пред Универзална сала. Во неговата изборна програма многу јасно стои, веднаш значи вендаш е почнеме со изградба на Универзалната сала, дали со нов проект или со стар. Меѓутоа, овој проект не го прифати, не го прифати мислам поради големата политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, вели Трајановски.
Покрај Шилегов овој проект не сакал да го реализира ниту поранешниот министер за култура.Роберт Алоѓозовоски исто така останал слеп пред планот на Трајановски.
-Јас како градоначалник, му го однесов проектот, му реков господине министре, еве ви го проектот целосно готов, автентичен е. Еве го тој проект да го видите, значи овој проект ја задржа автентичноста на постојната Универзална сала, особено околу куполата. Исто така нови дополнителни имаше предвидено конгресни сали, мали, поголеми, сали за состаноци. Јас му реков исто така, вие ќе бидете забележани во историјата, дека вие сте ја направиле таа Универзална сала, не јас, не било кој, вие како министер, вие ќе ја сечете лентата, а граѓаните ќе добијат вистински културен центар, вели Трајановски за Алфа.
Целата анализа на :






