Сите избирачки места во САД се затворени, а Доналд Трамп има предност пред Камала Харис по вчерашните претседателски избори во САД.
Доналд Трамп моментално води во Пенсилванија, Мичиген и Висконсин – трите главни држави во таканаречениот Rust belt.
Тој има шест поени предност во Мичиген, со преброени 62% од гласовите, три поени во Пенсилванија (92% преброени) и четири поени во Висконсин (86% преброени).
Се очекува Доналд Трамп наскоро да пристигне во Вест Палм Бич, Флорида, каде што треба да одржи говор.
Oд кампањата на Камала Харис јавја дека таа ќе го одложи обраќањето.
„Ви благодарам за се што направивте, ви благодарам што сте тука.
Ви благодариме што продолживте да верувате во ветувањето што го претставува Америка.
Имаме уште гласови за броење, имаме уште држави за броење. Ќе продолжиме да се бориме за да бидеме сигурни дека секој глас ќе се слушне“.






