Трамп ќе му се јави на Путин неделава!

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да го повика рускиот претседател Владимир Путин во следните неколку дена за да разговара за ситуацијата околу Украина.



„Ќе разговарам со Владимир Путин“, им рече тој на новинарите во Белата куќа, пренесе руската ТАСС.

На прашањето дали планира да се јави подоцна оваа недела, тој одговори потврдно.

Американскиот претседател изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го прифати предлогот за прекин на огнот во Украина за кој се разговараше на разговорите во Саудиска Арабија.

„Се надевам дека и тој ќе се согласи. И навистина мислам дека тоа би било 75 отсто од патот.

Остатокот е да се документира и, знаете, да се преговара за копнените позиции“, рече Трамп без да образложи.