Американскиот претседател ја повика Русија да се согласи на 30-дневниот прекин на огнот во војната со Украина.
Доналд Трамп предупред дека ќе воведе дополнителни санкции доколку Москва го отфрли предлогот.
„Русија нема друг избор освен да го прекине огнот. Доколку е потребно, ќе ги санкционираме, но се надевам дека нема да мораме. Во финансиска смисла, можеме да направиме многу непријатни, многу лоши работи, катастрофални за Русија, но јас не го сакам тоа“, рече Трамп во изјава за новинарите во Белата куќа.
Прашан дали верува дека рускиот претседател ќе се придржува до прекинот на огнот, со оглед на тоа што го прекршил во минатото, Трамп вели:
„Сè уште не сме разговарале со него суштински. Ќе дознаеме многу наскоро. Добив неколку позитивни пораки, но позитивна порака не значи ништо. Ова е многу сериозна ситуација. Ова е ситуација што може да доведе до Трета светска војна. Сега зависи од Русија. Се надеваме дека можеме да добиеме прекин на огнот од Русија.“






