Трамп: Ќе го земеме Гренланд сто отсто

 

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да ја исклучи можноста за употреба на воена сила во неговата кампања за преземање на Гренланд, велејќи дека има обврска да обезбеди сопственост на данската територија, која постојано ги отфрла неговите обиди.



Еден ден откако високи претставници на администрацијата, вклучително и потпретседателот Џеј Ди Венс, ја посетија американската воена база на островот, Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз потврди дека „апсолутно“ разговарал за анексијата на Гренланд.

„Ќе го земеме Гренланд. Да, сто проценти“, рече Трамп, пренесе NBC.

За време на посетата во петокот, Венс остро ја критикуваше Данска, обвинувајќи ја дека заостанува во безбедносните инвестиции и со тоа го остави Гренланд изложен на можни инвазии од Русија и Кина. Тој го повика народот на Гренланд да се отцепи од Данска за да овозможи „разговор“ меѓу САД и островот за потенцијално преземање.

Трамп: Мора да го „имаме“ Гренланд