Судија најави дека ќе ја исрече пресудата за Доналд Трамп во случајот „мито за молчење“ – само 10 дена пред да положи заклетва како претседател.
Судијата во Њујорк, Хуан Мерчан, сигнализираше дека нема да го осуди Трамп на затворска казна, условна казна или парична казна, туку наместо тоа ќе му даде „безусловно отпуштање“ и напиша во својата наредба дека новоизбраниот претседател може да се појави лично или виртуелно на сослушувањето, пренесе Би-Би-Си.
Во одлуката судијата Мерчан ги отфрли различните барања на адвокатите на Трамп за поништување на неговата пресуда.
Судијата истакна дека „во овој момент изгледа соодветно да се изрази ставот дека судот нема намера да одреди затворска казна“, изјави судијата. Нагласи дека и обвинителите не сметаат дека затворот е соодветна казна.
Лани во мај , Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки и тоа за фалсификување деловни документи со цел да прикрие исплата на пари на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасни, што се случувало пред изборите во 2016 година, за да се спречи таа да открие дека во 2006 година имала сексуална врска со Трамп.
Трамп се обиде да ја искористи победата на претседателските избори за да го отфрли случајот против него, јави Би-Би-Си.
Новоизбраниот претседател на социјалните мрежи ја отфрли најавата на судијата како „нелегитимен политички напад“ и случајот го нарече „ништо, освен наместена шарада“.






