Трамп јуниор во Белград на средба со Вучиќ!?

Синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот слета во Белград, а според медиумите треба да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесе N1.



Трамп Јуниор веќе престојуваше во Белград во септември 2024 година во екот на кампањата за избор на американски претседател. Во тоа време тој организираше вечера со претставници на српскиот бизнис во еден белградски хотел.

Како што тогаш пишуваше порталот Нова.рс, една од темите на разговор биле инвестициите на Трамп во светот, пред се во областа на недвижностите, хотелите и дигиталните медиуми, како и условите за водење бизнис во Србија и САД.

Семејството Трамп-Кушнер планира да изгради хотел во Србија под брендот Трамп на местото на зградата на Генералштабот во Кнежа Милош.

Доналд Трамп Џуниор е претприемач и извршен потпретседател на Организацијата Трамп.