Трамп: Членките на НАТО да издвојуваат по 5 отсто од БДП за одбрана

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера уште еднаш побара членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од БДП, пренесува АФП.



Тој ги повтори своите долгогодишни тврдења дека тие не плаќаат доволно за заштитата што ја добиваат од САД.

„Сите можат да си го дозволат тоа, но тоа треба да биде пет отсто, а не два отсто“.

Трамп долго време беше скептичен кон НАТО и минатиот месец ја повтори својата закана дека ќе ја напушти алијансата доколку нејзините членки не ги зголемат трошоците.

„Доколку ги плаќаат сметките и ако мислам дека се однесуваат праведно со нас, одговорот е – би останал во НАТО“, изјави идниот американски претседател во интервјуто.

32-те земји од трансатлантската алијанса во 2023 година поставија ниво за одбранбени трошоци на два отсто од бруто домашниот производ, а руската војна во Украина го поттикна НАТО да го зајакне своето источно крило и да ги зголеми трошоците.