Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека светот не е далеку од Третата светска војна, но дека неговото претседателство ќе ја спречи таа катастрофа.
„Брзо се движам за да ги завршам војните, да ги решам конфликтите и да донесам мир во светот. Сакам мир. Никој нема корист од Третата светска војна, а вие не сте далеку од неа“, предупреди американскиот претседател Тоналд Трам според кој доколку администрацијата на Џо Бајден останеше уште една година, сега ќе бевме во војна.
На самитот „Инвестирање во иднината“ во Мајами тој ѝ се заблагодари на Саудиска Арабија за организирањето на преговорите меѓу САД и Русија, нарекувајќи ги „голем чекор“.






