Трамп се надева дека Путин ќе се согласи за крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите изјави дека очекува рускиот претседател Владимир Путин да се согласи да склучи договор за ставање крај на војната во Украина.



„Мислам дека ќе го следи она што ми кажа дека ќе го направи и ќе продолжи да го исполни својот дел од договорот сега“, рече Трамп.

Трамп изјави дека не сака да воведува секундарни царини за руската нафта, но ќе мора доколку нема напредок во решавањето на прашањето во Украина.

„Не сакам да ставам секундарни тарифи за неговата нафта. Но, мислам дека би го направил тоа ако мислам дека тој не ја врши добро работата…Сакам да направи договор за да престане убивањето на руски и украински војници“.