Поранешниот американски претседател и актуелен претендент за втор мандат Доналд Трамп во екот на предизборната кампања подготви и сервираше помфрит во ресторан на „Мекдоналдс“ во Филаделфија.
„Сега имаме работено 15 минути повеќе во ‘Мекдоналдс’ од Камала Харис“, рече тој, исмевајќи ја противкандидатката и сегашна потпретседателка, која на еден од митинзите се претстави себеси како поранешен припадник на работничката класа со искуство од светски познатиот синџир ресторани за брза храна.





