Американскиот претседател Доналд Трамп повторно лажно тврди дека претходната администрација на Џо Бајден доделила 100 милиони долари кондоми за Хамас, објави Times of Israel.
Трамп ја истакнува бројката додека се обидува да го разобличи , како што вели, расипничкото трошење изложено од Одделот за владина ефикасност со кое сега раководи Илон Маск.
Минатата недела Маск призна дека средствата за контрацепција не биле наменети за Хамас, ниту за Појасот Газа, туку за провинција во Мозамбик.
Белата куќа прво тврдеше дека таа бројка е 50 милиони долари, но Трамп оттогаш двапати тврдеше дека е 100 милиони долари.






