Американскиот претседател Доналд Трамп изразил желба Американец да биде избран за следниот папа, наследник на починатиот Папа Франциско, објави дописникот на „Билд“ Херберт Бауернебел.
„Трамп има многу католички гласачи: 54% од американските католици гласаа за републиканците.
Од друга страна, самиот Трамп се нарекува себеси „христијанин без деноминација“ од 2020 година – односно, ниту протестантски ниту католик“, потсетува Билд.
Сепак, изданието додава дека ниту еден од 10-те американски кардинали сè уште не се смета за фаворит, па затоа на американскиот претседател ќе му биде многу тешко да влијае на конклавата.






