Трамп помилуваше 1.500 лица кои упаднаа во Капитол Хил пред 4 години

Поддржувачите на Доналд Трамп кои упаднаа во американскиот Капитол пред четири години ќе почнат да го напуштаат затворот денеска, откако новоизбраниот претседател издаде огромно помилување што сигнализираше дека има намера агресивно да ја користи својата извршна моќ.



Помилувањето на 1.500 осуденици потпишано од републиканскиот претседател вчера, на денот на неговата инаугурација, ги налути пратениците на кои им се закануваше нападот на 6 јануари 2021 година, кога илјадници поддржувачи на Трамп упаднаа во Капитол во неуспешен обид да го спречат Конгресот да потврди неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година против Џо Бајден.

Нападот беше поттикнат од одбивањето на Трамп да го признае поразот на изборите, заканувајќи се со мирен трансфер на власта за прв пат во историјата на САД. При нападот беа нападнати околу 140 полицајци, а четири лица ги загубија животите.

Меѓу оние што се очекува да бидат ослободени се и водачите на екстремно десничарските организации „Oath Keepers“ и “Proud Boys“, вклучително и некои осудени за бунт.

Помилувањето на Трамп беше само една од низата извршни наредби што ги потпиша по церемонијата на неговата инаугурација.

Трамп, исто така, му нареди на јавниот обвинител да се откаже од сите нерешени случаи поврзани со бунтот.

„Овие луѓе се уништени“, рече Трамп веднаш по враќањето во Овалната соба. „Она што им го направија на овие луѓе е срамота.

На списокот на помилувани се наоѓа Енрике Тарио, поранешниот лидер на „Proud Boys“, кој беше осуден на 22 години за заговор за бунт – најстрога изречена казна за обвинетите за немири.

Меѓу другите помилувани се лица осудени за употреба на цевки, летви и хемиски спреј за напад врз полицајци кои го обезбедувале Капитол.

Стјуарт Роудс, поранешниот водач на милицијата „Oath Keepers“ не е помилуван, но неговата 18-годишна затворска казна е ублажена и тој треба да биде ослободен.