Трамп: Палестинците нема да имаат право да се вратат во Газа

Американскиот претседател изјави дека неговиот план за „преземање на Газа“ нема да вклучува право на враќање за повеќе од 2 милиони Палестинци за кои рече дека немаат „алтернатива“ освен да заминат поради уништувањето што го остави воената кампања на Израел, објави Гардијан



Во интервјуто со Брет Бајер од Фокс, Трамп рече дека ќе „го поседува“ Појасот Газа и најави „развој на недвижности во иднина“.

Во исто време, тој го одобрува планот за преселување на Палестинците во Египет и Јордан, нешто што и двете земји го отфрлија, а најголемите арапски држави во регионот прогласија дека е неиздржан.

Трамп рече дека ќе изгради до шест нови локации за Палестинците да живеат надвор од Газа, всушност постојани бегалски кампови.

Запрашан дали Палестинците ќе имаат право да се вратат во Газа, Трамп вели : „Не, не би, бидејќи ќе имаат многу подобро домување“.

Во шокантното соопштение минатата недела, Трамп предложи трајно преселување на 2,2 милиони Палестинци од Појасот Газа. Неговите коментари за Фокс беа првите во кои тој рече дека нема да имаат право на враќање.

Трамп: Палестинците да се раселат од Појасот Газа, САД ќе ја претворат во „Ривиера на Блискиот Исток“