Доналд Трамп пристигна во Милвоки, каде републиканците официјално ќе го номинираат за свој претседателски кандидат оваа недела, откако преживеа обид за атентат кој дополнително ги разгори политичките поделби во САД.



По слетувањето тој со крената рака ги поздрави присутните…

Претходно вчера, претседателот Џо Бајден, нареди да се преиспитаат безбедносните мерки за да се утврди како 20-годишен маж со пушка АР-15 се доближи толку блиску за да пука во Трамп во саботата.

Како поранешен претседател, Трамп има доживотна заштита од американската тајна служба.

Трамп (78) одржуваше предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија – клучна држава на изборите на 5 ноември – кога одекнаа истрели, погодувајќи го десното уво и крвавејќи му го лицето. Неговите соработници рекоа дека тој е само полесно повреден и дека му е добро.

Едно лице од толпата е убиено, а две се ранети.

Агентите на тајната служба смртно го застрелаа осомничениот.

Се очекува Трамп да ја добие официјалната номинација на неговата партија на Националната конвенција на Републиканската партија, која почнува денеска во Милвоки, Висконсин.

ФБИ соопшти дека нема познати закани за конвенцијата додека Тајната служба соопшти дека не предвидува никакви промени во безбедносниот план.

„Требаше да го одложам моето патување во Висконсин за републиканската национална конвенција за два дена, но решив дека не можам да дозволам напаѓач или потенцијален атентатор да не принудат да го презакажеме или било што друго“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth“

Се очекува Трамп да го објави својот избор за кандидат за потпретседател.