Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска вети дека веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари ќе ја започне „најголемата операција за депортација во американската историја“.
„На мојот прв ден во Овалната соба ќе потпишам историска серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и за запирање на инвазијата на нашата земја. Истиот ден ќе ја започнеме најголемата операција за депортација во американската историја, поголема дури и од онаа што ја спроведе претседателот Двајт Ајзенхауер“, рече Трамп на конференција во Аризона, објави „Њујорк пост“.
Тој го назначи Том Хоман за свој „пограничен цар“ што ќе ја води оваа мисија.





