„Најголема депортација во американската историја“ што ќе резултира со отстранување на „милиони имигранти“ од САД, најави синоќа на митинг во Вашингтон, старо-новиот американски претседател Доналд Трамп кој денеска ќе биде инаугуриран за вториот мандат во Белата куќа.
Доналд Трамп им порача на илјадниците воодушевени поддржувачи дека ќе воведе строги ограничувања за имиграцијата на првиот ден од неговиот нов мандат и вети дека брзо ќе го исполни клучното предизборно ветување, пренесе Ројтерс.
„Кога сонцето повторно ќе зајде утре вечер, инвазијата на нашата земја ќе престане“, рече Трамп.
Говорот на Трамп на митингот беше сличен на неговиот говор за време на неговата кампања за Белата куќа во 2016 година.
„Ова е најголемото движење во американската историја откако пред 75 дена ја постигнавме најепската политичка победа што нашата земја некогаш ја видела“, рече тој.
„Почнувајќи од утре, ќе дејствувам со историска брзина за зајакнување на моќта на нашата земја и решавање на секоја криза со која се соочува“, додаде идниот претседател.
Ден по инаугурацијата на Трамп, почнува депортација на нелегалните мигранти од САД






