Американскиот Стејт департмент подготвил планови за затворање на дузина конзулати до почетокот на летото главно во Западна Европа.
Стејт департментот разгледува опции да затвори и дополнителен број мисии.
Главно ќе бидат затворени оние во Западна Европа, според тројца официјални претставници запознаени со меморандумот што кружи во Стејт департментот.
Лајпциг, Хамбург и Дизелдорф во Германија, Бордо, Рен, Лион и Стразбур во Франција и Фиренца во Италија се на списокот на помали конзулати за кои Стејт департментот размислува да ги затвори, изјавија тројца официјални лица за Ројтерс, додавајќи дека тоа сепак може да се промени.





