Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини Панама дека наплатува високи такси за користење на Панамскиот канал и рече дека доколку Панама не управува со каналот на прифатлив начин, тој ќе побара од американскиот сојузник да го предаде, објави Ројтерс.
Трамп исто така предупреди дека нема да дозволи каналот да падне во „погрешни раце“ и се чини дека предупредува на потенцијалното кинеско влијание врз водниот пат, пишувајќи дека каналот не треба да го води Кина.
Објавата на Трамп на социјалнте мрежи беше исклучително редок пример на тоа како американски лидер може да изврши притисок врз суверена држава да предаде територија.
Соединетите Држави го изградија каналот и ја администрираа територијата околу него со децении.
Но, во 1999-та американската влада целосно ја предаде контролата врз Панамскиот канал по период на заедничка администрација.
Надоместоците што се собираат од Панама се апсурдни, особено ако се знае извонредната великодушност со која САД и дадоа на Панама“, напиша Трамп во својата објава на социјалната мрежа „Truth“.
„Тоа не беше дадено во корист на другите, туку само како знак на соработка со Панама.
Доколку не се почитуваат принципите, морални и правни, на овој великодушен гест на донација, тогаш ќе бараме да ни биде вратен Панамскиот канал, целосно и без прашање“.





