Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија и Украина се приближуваат кон мировен договор, повикувајќи ги двете страни да се состанат на разговори на „многу високо ниво“ за финализирање на договорот.
„Тие се многу блиску до договор и двете страни треба да се сретнат сега, на многу високо ниво, за да го „завршат““, напиша Трамп доцна во петокот на својата платформа Truth Social, кратко по слетувањето во Рим, каде што треба да присуствува на погребот на папата во сабота.
Тој додаде дека „поголемиот дел од главните точки се договорени“.
„Стоп на крвопролевањето, веднаш. Ќе бидеме каде и да е потребно за да помогнеме во завршувањето на оваа сурова и бесмислена војна!“ напиша американскиот претседател.
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во петокот повторно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Трамп на Truth Social ја прозва Украина дека доцни со потпишувањето на договорот за минерали.
„Украина, предводена од Володимир Зеленски, сè уште не ги потпишала конечните документи за многу важниот договор за ретки земни елементи со Соединетите Американски Држави.
Доцнењето е веќе најмалку три недели.
Се надеваме дека договорот ќе биде потпишан СЕГА.
Работата на општ мировен договор меѓу Русија и Украина тече непречено.
СЕ ЧИНИ ДЕКА УСПЕХОТЕ НА ПОВИДОК“, напиша тој.






