Резултатите од американскиот „Супер вторник“ им обезбедија речиси решавачки победи на главните кандидати – Џо Бајден (Демократска партија) и Доналд Трамп (Републиканска партија).
Речиси е сигурно дека двајцата одново ќе се судрат на изборите за американски претседател во ноември како и пред 4 години.
Вчера, на прелиминарните избори кои се одржуваа во 15 сојузни држави, Трамп загуби само Вермонт – таму победата и припадна на поранешната претставничка на САД во ОН, Ники Хејли.
Трамп убедливо победи во Арканзас, Алабама, Вирџинија, Северна Каролина, Тенеси, Оклахома и Мејн – обезбедувајќи уште 341 делегат за националната конвенција.
Трамп го освои и Тексас, кој му дава 161 делегат, а по победата во Калифорнија (169 делегати) и врз основа на проектираните резултати во државите каде се уште се бројат резултатите, Трамп ќе има 910 делегати од 1.215 делегати што му се потребни.
Ники Хејли досега обезбеди 84 делегати, откако претрпе серија тешки загуби на вчерашниот таканаречент „Супер вторник“ а поразите ги наведоа дури и најблиските да веруваат дека тоа речиси сигурно значело крај на нејзината кампања, објави Асошиетед прес.
Во таборот на Демократската партија резултатите се уште појасни:
Џо Бајден победи решително во сите држави, но, што е своевиден куриозитет, загуби во Американска Самоа. Таму, со предност од 12 отсто, победи бизнисменот Џејсон Палмер (на фотографијата) – непознат кандидат кој не се ни појави на скудната листа на сериозни ривали на Бајден во партијата. Така Бајден изгуби 4 делегати.
Во пракса, ова е без никаков пораз бидејќи територијата Самоа учествува на предизборните, но не и на вистинските избори кои ќе се одржат во ноемвр.
Бајден досега има обезбедено 1.312 од 1.968 делегати што му се потребни.






