Трамп: Зеленски нема адути во ракавот да преговара со Русија

 

Американскиот претседател вели дека не е неопходно Володимир Зеленски да присуствува на мировните преговори за Украина.



„Неговото присуство не е толку важно. Јас би сакал воопшто да не оди таму (на преговори)…Зеленски нема адути во ракавот да преговара со Русија“, смета Доналд Трамп.

Во интервју за радио станицата Фокс њуз, Трамп директно изјави дека не гледа вина во Русија за конфликтот со Украина, дека виновни се Зеленски и Бајден.

„Ох, не е виновна Русија. Бајден кажа погрешни работи, Зеленски рече погрешни работи, а тие беа нападнати од некој кој е многу поголем и посилен од нив, што е лошо и не треба да се прави така, но Русија можеше толку лесно да се разубеди и војната немаше да се случи“, објасни Трамп.

Белата куќа ги напаѓа и европските партнери. „Европа практично се противи на решавање на конфликтот во Украина. САД веруваат дека овие акции се бесмислени“, истакна Вашингтон.

Истите луѓе кои сакаа прекин на огнот во Газа сега се против мирот во Украина, изјави советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц.

Трамп: Зеленски е умерено успешен комичар и – диктатор