Американскиот претседател Доналд Трамп јавно спомна можност за промена на режимот во Иран, јави „Тајмс оф Израел“.
Ова се случи само неколку часа откако потпретседателот Џ.Д. Венс и други функционери во неговата администрација инсистираа дека борбата на Вашингтон е ограничена на нуклеарната програма на Техеран и дека немало обид за соборување на режимот.
„Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режим“, но ако сегашниот ирански режим не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот? MIGA!!! (Да го направиме Иран повторно голем )“.
Ова го напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social.





