Трамп го обвини Мексико дека му ја краде водата на Тексас

 

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека им ја краде водата на фармерите од Тексас и се закани на земјата со царини за, како што вели, кршење на меѓународниот договор, јавуваат медиуми.



„Мексико му должи на Тексас 1,6 милијарди кубни метри вода според Договорот за вода од 1944 година, но Мексико за жал ја прекршува својата обврска од договорот. Ова е многу неправедно и предизвикува огромна штета на земјоделците во Јужен Тексас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth social“.

Тој најави царини, а можеби дури и санкции доколку „Мексико не го почитува Договорот и не му ја врати водата на Тексас која му припаѓа“

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум на платформата ‘Х“ објави дека пограничниот регион е погоден од тригодишна суша и дека Мексико ги исполнува обврските од договорот „во согласност со достапноста на водните ресурси“.

Шејнбаум додаде дека мексиканската влада ќе стапи во контакт со американските претставници за да се постигне договор.