Водството на Доналд Трамп во претседателската трка во 2024 година се зголеми, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење подготвено од Њујорк Тајмс и колеџот Сиена.



По минатонеделната дебата во која актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат, Трамп сега води пред Бајден со 49% до 43% меѓу претпоставените гласачите на национално ниво.

Тоа е најголемото водство што Трамп го регистрирал во анкетата на Тајмс/Сиена од 2015 година.

Тој води со уште повеќе меѓу запишаните гласачи, 49% спрема 41%.

Мнозинството гласачи сметаат дека Бајден, на 81 година, е премногу стар за да биде ефективен претседател.

Дури 74 отсто од гласачите сметале дека тој е премногу стар за таа работа.

Загриженоста за возраста на Бајден се зголеми за осум процентни поени кај демократите во неделата по дебатата на 59 проценти.

Уделот на независни гласачи кои мислат така се искачи на 79 проценти, што речиси се совпаѓа со мислењето на републиканците за претседателот.