Кандидатот за уште еден претседателски мандат, Доналд Трамп, предупреди дека американските гласачи-Евреи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите.
За време на Националниот самит на израелско-американскиот совет во Вашингтон, поранешниот претседател се пожали дека заостанува во рејтингот зад Харис меѓу американските Евреи.
„Израел најверојатно ќе престане да постои во рок од две години доколку Харис победи на изборите, а Евреите ќе бидат делумно виновни за тој исход, бидејќи тие имаат тенденција да гласаат за демократски“, тврди Трамп.
„Ако не победам на овие избори – и еврејскиот народ навистина би имал многу влијание со тоа, затоа што ако 40 проценти, мислам, 60 проценти од луѓето гласаат за непријателот. Израел, според мое мислење, ќе престане да постои во рок од две години“, порача Трамп.
Трамп цитираше анкета која покажа дека Харис има предност од 60 отсто од гласовите меѓу американските Евреи.






