Трамп воведува 25% царини за автомобили произведени во странство

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека одлучил да воведе царина од 25 отсто за сите автомобили произведени во странство, пренесе АФП.



Според Трамп, „ова ќе доведе до нашиот економски раст“, ​​а исто така и до отворање на фабрики на странски производители на автомобили во САД.

Тој прецизира дека одлуката се однесува и за мали камиони.

Американските медиуми забележуваат дека воведувањето нови царини за автомобилите треба да стапи на сила на 2 април.

Њујорк тајмс забележува дека околу половина од автомобилите што се продаваат во САД се произведени во други земји.

Канада, ЕУ и Јапонија остро реагираа на најавата на Трамп.

Трамп, исто така, најави дека во иднина ќе воведе царини за фармацевтски производи.

Тој потсети дека на 2 април планира да воведе реципрочни тарифи за многу увезени стоки.