Кина ќе воведе дополнителни царини од 10% до 15% за одредени американски стоки од 10 март, соопшти во вторникот кинеското Министерство за финансии.
Одлуката доаѓа како одговор на новите царини од 25 отсто на САД за увоз од Мексико и Канада, како и удвојување на царините за кинески производи на 20 отсто, наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.
Новите кинески царини се очекува да имаат негативно влијание врз американските земјоделски пазари, Ова е поголем проблем за САД, бидејќи 30% од американската соја сè уште се извезува во Кина“, коментира Оле Хуе, директор на консултантската компанија IKON Commodities во Сиднеј.
Според аналитичарот на Trivium China, Еван Пеи, одговорот на Кина е ограничен и воздржан во споредба со активностите на Вашингтон.
„Трамп веќе воведе вкупно царини од 20% за сите кинески производи, додека кинеските царини влијаат на ограничен број американски производи и остануваат под 20%. Ова е намерен потег – Пекинг испраќа сигнал дека не сака да ескалира конфликтот, туку напротив – сака да го деескалира“, коментира Пеи.






